Денеска во Министерството за права има нова средба за Законот за Јавното обвинителство, за идиниот статус на СЈО и за барањето на Јанева, Јавното овинителство да ги преземе предметите на Специјалното обивнителство.
На средбата присустуваше и професорот Гордан Калајџиев кој е дел од работната група и кој е дециден дека Јанева нема овластување да предлага преземање на предмети од друго министерство.
Според него, Јанева предметите ги добила со закон и оти никаде не пишува дека таа може да ги предаде, посебно не во ситуација кога таа е во притвор а мандатот и е при крај.
Доколку на тој начин се затвори СЈО со оглед на тоа што се планира да се вратат истражителите назад ќе се направи двојна штета бидејќи тој концепт да добие обвинителството автономија со сопствени сили да биде контратржа на полицијата ќе умре со СЈО, истакна професорот.
Тој вели дека за избор на нов јавен обвинител очигледно не постои интерес.
„Не постои интерес да постои автономна институција која ќе се бори со организиран криминал. СЈО е злоупотребено само да се турне ВМРО-ДПМНЕ од власт и ништо повеќе, тоа со жалење го констатирам“, вели Калајџиев.
Comments are closed for this post.