Вчераутро на Аеродром „Св.Апостол Павле“ во Охрид бил приведен Т.С. (44) од Р. Турција и против него била поднесена кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“.

Според пријавеното, тој се обидел да излезе од Македонија со турска службена патна исправа, за која било утврдено дека е фалсификувана.

За настанот е известен јавен обвинител.