Договорот од Преспа, кој е срамен за нашата татковина, должни сме да се придржуваме кон него во однос на НАТО, изјави првиот заменик претседател на грчкиот Парламент, Никитас Какламанис, во интервју за новинаската агенција АНА-МПА, пренесува МИА.

Какламанис додава дека Нова демократија е одговорна партија, но оти никој не смее нивниот став за влез на Скопје во Европската унија да го смета за сигурен.

Соседите да знаат: патот кон ЕУ нема да биде послан со рози. И ако судам според реакциите што веќе постојат во Скопје за едноставни теми во спроведувањето, мислам дека ќе имаат големи пречки за надминување, вели Какламанис.