Тешка сообраќајна несреќа се случи попладнево на автопатот Велес-Скопје. Во неа учествуваа „Пежо 307“ со белградски таблички и камион. Судирот се случил веднаш по излезот од тунелот. Автомобилот има видливи оштетувања додека пак камионот беше паркиран стотина метри подалеку.

Се уште е нејасно што е причината за несреќата но најверојатно се работи за лизгање поради влажниот коловоз.