Судијката Добрила Кацарска на денешното изрекување на пресудите за настаните од 27 април истакна дека Митко Чавков бил носител на т.н златна „команда“ и ракодител на оперативниот штаб  во акцијата „Платформа“.

Според неа, Чавков бил известен за трењето на заштитните огради пред Собранието како  и тоа дека масата е веќе влезена внатре.

Чавков бил известен за сето ова но не дава наредба за интервенција на полицијата. Согласно вештачењето на мобилниот телефон од Трајко Вељановски призлезе дека на ден 26.4 во 10 часот и 58 минути Никола Груевски препраќа порака од Митко Чавков кон Трајко Вељановски со содржина: Oд Чавков да ве известам дека добив информација од лојален колега Албанец дека денеска околу 13 часот се планира нешто од другата страна да се направи во Собранието-објасни Кацарска.