Откако денеска судот го ослободи од обвинение за настаните од 27 април, оперскиот пејач Игор Дурловски се огласи на Фејсбук.

Тој напиша „Кога слободата е ропство а среќата тага“ со видео од проект наречен Длаборез.

Мелем на душа сте ми, сите #вие што со мисла, збор, присуство бевте со мене во најтешкото.
Благодарам на дел од блиските што станаа далечни.

#Длаборез е проект кој со солзи ја гали татковината, а од срце ви го поклонувам.