Во Собранието денеска седница ќе одржи Комисијата за прашања на изборите и именувањата на чиј дневен ред е утврдување предлог за избор на судии на Уставниот суд на Република Македонија.
Членовите на Комисијата, исто така, треба да расправаат и по Предлог-одлука за разрешување и именување на претседател и членови на Oдборот за доделување на државната награда „8 Септември”.
Љубомир Јовески, јавниот обвинител на Македонија, и Татјана Васиќ од Министерството за правда ќе бидат предлози на СДСМ за членови на Уставен суд. Додека пак, најголемата опозициска партија за членови ги предлага поранешниот пратеник, проф. Саво Климовски, професорката на Правниот факултет „Јустинијан Први“, Родна Жифковска и Тодор Витланов, кој е виш обвинител во Штип.
Comments are closed for this post.