Судијата Јован Јосифовски оценувајќи ја иницијавувата за законот за амнестија пред Уставниот суд смета  дека овие две иницијативи се подробно образложени и треба да се прифатат, особено што тој останува на својот претходен став, дека законот е противуставен.

– Неспорно е дека Собранието дава амнестија, туку членот 2 со кој се префрла правото на одлучување на судот. Не е ова прв пат да се дава амнестија, ова е шестти случај на амнестија. Не може Собранието кое дава амнестија да го пренесе правото на судот да одлучува арбитрарно кој ќе добие, а кој нема амнестија за ист кривичен настан. Од тие причини сметам дека законот е противуставен, рече Јосифовски