Одговорност мора да има и од десетиците неспособни министри и советници со кои се има опкружено затоа што Зоран Заев го урива угледот и позициите на Република Македонија, а не на неговите семејни фирми, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Генералниот секретар на партијата Игор Јанушев вели дека оправдувањето за скандалозното изнесување на државни тајни, информации од средби на високо ниво и прифаќањето да се исплати поткуп на вселенскиот патријарх покажува колку е како што истакна всушност неспособен, криминоген и плиток е Заев и тимот околу него.

Доколку Заев бил цел на служби кои работат против западните вредности и НАТО неговото однесување покажува дека тој и владата немаат капацитет да бидат рамноправни партнери во алијансата и во телата и сојузите кон кои се стреми Република Македонија. Замислете само што би се случило кога некои двајца вешти припадници на некоја терористичка организација би му се обратиле на Заев и би се претставиле како на пример политички аташеа. Заев и неговите советници со капацитетот кои што го немаат би ги издале и позициите и задачите на македонските војници кои учествуваат во мировните мисии како дел од глобалната алијанса“, рече Јанушев.

Затоа неговото оправдување дека не било обична шега со еден неспособен и корумпиран премиер, туку политички мотивиран напад е уште пострашно и посериозно, вели Јанушев.

Токму затоа одговорност мора да има. Впрочем другите политичари кои биле цел на двајцата комичари само после неколку минути сфаќале дека од другата страна е некој што лажно се претставува. На Заев за тоа му требало цела една година. Ова што вчера го видовме и слушнавме е срам и бламажа за Македонија. Еве и да се мотивите политички, цела година премиерот и владата да бидат предмет на обработка е скандалозно. Покажува дека Заев и целата таа група околу него навистина немаат капацитет“, истакна Јанушев, потенцирајќи дека после едн ваков скандал да нема одговорност и оставки е само потценување на граѓаните и меѓународните партнери.

Тој прашува кога Заев, министерот за надворешни работи и неговите советници сфатиле дека тој комуницира со измислени карактери? Дали после последниот разговор во април Заев го побарал лажниот Порошенко? Дали ако не беа објавени скандалозните разговори Заев ќе ја продолжеше операцијата за поткуп на вселенскиот патријарх Вартоломеј и дали ќе продолжеше да оддава информации? Зошто не се почитувани дипломатските протоколи и не е известена нашата амбасада па од август минатата година никој не проверил дали Заев разговарал со вистинскиот Порошенко?

Навистина сме загрижени со кого се Заев има разговарано во меѓувреме и какви се доверливи имформации има изнесено. Загрижени сме дека службите ги немаат проверено сите разговори на Заев или пак кријат за пропустите кои ги прави. Го повикуваме Зоран Заев да се соочи со последиците од катастрофата што ја предизвика, да си даде оставка, да се формира техничка влада и да одиме на избори“, порача Јанушев.