Портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов го повика претседателот на Комисијата за избори и именувања, Илија Димовски веднаш да ја свика Комисијата за избор на членови на Советот на АВМУ и Програмскиот совет на МРТ.

Претседателот на Комисијата за избори и именувања од ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски, не свикува седница на Комисијата. На овој начин  ВМРО-ДПМНЕ ги прекршува роковите за избор на членови на Програмскиот совет на МРТ и членови на Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги. Со таквиот однос, веројатно, Димовски и ВМРО-ДПМНЕ се надеваат на партиски пазарења, кои се спротивни на целите на законот и кои, со сигурност нема да се случат“, изјави Костадинов.

Тиој истакна дека состојбата во МРТВ, е единствена критика од Извештајот на Европската комисија и обврска на сите е да се обезбеди независен и професионален национален сервис.

Напредокот што го постигна нашата држава во делот на медиумските слободи, јасно ја покажува нашата заложба за слободни, професионални и независни медиуми“, порача Костадинов.