Откако попладнево беше објавено дека Заврши вештачењето и на вториот мобилен телефон на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, шефицата на Обвинителството за организиран криминал и корупција, Вилма Рускоска за Канал 5 вели дека во телефонот на Катица Јанева нема ништо, односно дека е форматиран со сменет I Cloud.
Инаку за овој телефон, синот на обвинителката Јанева тврдел дека е изгубен во Белград, но потоа тој беше пронајден во Македонија, кај неговата девојка.
Обвинителството засега не соопштува детали од вештачењето на првиот мобилен апарат на Јанева.
Comments are closed for this post.