На граничниот премин Прешево српската полиција заплени 15 килограми марихуана кај македонски државјанин. Дрогата е пронајдена во „опел вектра“ со бугарски таблички. Уапсениот Д.Џ марихуана ја скрил во резервното тркало.

Пронајдени се 30 пакетчиња со вкупна тежина од 15 килограми и 871 грам.