Водата од Билјанините извори на Охридското Езеро e небезбедна за пиење, предупреди денеска Центарот за јавно здравје од Охрид.

Последните физичко-хемиски анализи на водата од изворите спроведени во текот на денешниот ден покажале присуство на патогени бактерии, па оттаму  водата е биолошки неисправна и не е здравствено безбедна за пиење.

Наодите се доставени до соодветните инспекциски служби за натамошно постапување, а од Центарот за јавно здравје посочуваат дека во континуитет се следи состојбата околу квалитетот на водата од Билјанини извори за што благовремено ќе биде известувана јавноста.