Рената Дескоска, Драган Тевдовски, Фросина Ременски, Петре Шилегов ќе бидат членови на новиот Извршен одбор на СДСМ, одлучи партијата на седницата на Централниот одбор што се одржува во Охрид. Освен нив во Извршниот одбор ќе бидат и Стефан Богоев, Костадин Костадинов, Татјана Стојановска Иванова, Салија Љатиф Петрушовска и уште осум членови на партијата од другите градови, пренесува „Телма“.

На централниот одбор, како што пренесува медиумот, најверојатно нема да се расправа за избор на потпретседатели на партијата и тоа ќе биде одложено за наредна седница на Централен одбор.

Нов организационен секретар на партијата е Душко Весковски, актуелен генерален директор на скопски Водовод. Досегашниот советник во владата за меѓународна политика, Дане Талески ќе биде на функцијата секретар за меѓународна политика.