Премиерот Зоран Заев денеска по завршувањето на седницата на Централниот одбор на СДСМ изјави дека предвремени парламентарни избори нема да има. Заев  кажа дека примат е ставено на три цели, прва во промените во извршната власт, се дебатирало за актуелните случувања во земјата во делот на меѓународните политики и дома.

Оттука е донесен заклучок од страна на Централниот одбор да се продолжи со процесот за реконструкција на владата, да не се носи одлука за предвремени парламентарни избори, да не се оди со постапка на враќање на мандатот, туку да се продолжи со она што е прво замислено, а тоа е реконструкција на владата. Сите овие одлуки истакна Заев биле за бетонирање на Евроинтеграциската иднина на земјата.

Во живо: Изјава на претседателот на СДСМ, Зоран Заев.

Во живо: Изјава на претседателот на СДСМ, Зоран Заев.-Седница на централен одбор на СДСМ.Охрид, 16.06.2019

Gepostet von СДСМ – Социјалдемократски сојуз на Македонија am Sonntag, 16. Juni 2019

Инаку, централниот одбор на СДСМ избра нови членови на Извршниот одбор, нов организационен секретар и секретар за меѓународна соработка. Заев, најави дека  за десетина дена ќе бидат избрани и нови потпретседатели кои беа разрешени минатиот месец.

Нови членови на Извршниот одбор се Фросина Ременски, Благојче Бочварски, Рената Десковска, Костадин Костадинов, Есра Салихи, Ѓоко Танасовски, Весна Гершан, Васко Талески, Тања Стојановска Иванова, Драган Тевдовски, Салија Љатиф, Стефан Богоев, Кети Василевска, Нина Велкова, Петре Шилегов и Маринела Ојлеска.

Нов организационен секретар на партијата е Душко Весковски, актуелен генерален директор на Водовод – Скопје. А досегашниот советник во владата за меѓународна политика, Дане Талески, ќе дојде на функцијата секретар за меѓународна политика.

Нов директор на центарот за истражување и анализа е Мартин Попов.