Ако се воведе полициски час целиот викенд, за време на нашиот празник Фитер Бајрам, тогаш вие како компетентни органи ќе ја изгубите довербата од сите верници од исламската заедница, имајќи предвид дека земјата се наоѓа пред одржување на парламентарни избори, пишува во писмото на Исламската верска заедница до Владата.

Ние како верска институција постоиме за да им служиме на верниците и нема да носиме товар над грб одложувајќи го намазот на Фитер Бајрам во џамија, пишува во писмото на ИВЗ и се додава дека додека ќе се извршува намазот, ќе се почитуваат сите препораки. Воведувањето на полицискиот час, како што се најавува, ќе ги иритира верниците од исламската заедница, бидејќи цел месец по ред во ниту еден викенд не беше воведен полициски час, а ова ќе значи дека намерно нема да се дозволи намазот на Фитер Бајрам кој се одржува еднаш годишно, пишува во писмото.