Граѓаните не сакаат брзи избори под маски бидејќи се очекува ширење на корона заразата. Ова е главниот заклучок од анкетата на Институтот “Habeas Corpus”.

Анкетата е правена во периодот од 13 мај до 16 мај 2020 година. При истражувањето се водеше сметка на етнграфската карта, демографската застапеност, полот и возраста на испитаниците. Воедно се водеше сметка и при влезот на анкетниот прашалник и резултатите од последните парламентарни избори.

На прашањето дали сте за брзи избори дури 74 проценти одговориле негативно, 66 проценти веруваат ако има избори короната ќе се рашири, а пак 71 процент не би излегле на избори со маски и ракавици.