Во последно време се чуствувам како главниот лик од драмата „државен непријател“, вели првиот човек на Антикорупциската комисија Билјана Ивановска  за нападите кои од сите страни доаѓаат до неа лично и до Комисијата.

Таа во интервјуто за „Република“ вели дека работат професионално , непристрасно, независно и почитувајќи го начелото за интегритет. Ивановска вели дека тие цело време работат исто а тоа што  дошле на ред некои покрупни предмети за кои требало подолг период за истражување се поклопил со периодот кога се цел на критика.

Таа вели дека сѐ што досега објавиле може само да му биде од корист на Обвинителството.

Ивановска го објаснува случајот „Труст“ и тоа како е можно „ Пуцко Петрол“ на конфискуван имот да дојде до имот кој му припаѓал на „Трансмет“ иако Обвинителстовото тврди дека му е одземен.

Прво е прашањето е како е определена мерка притвор и како во тој момент се настанати сите промени во имотот. Тој период „Трансмет“ го искористил за да префрли дел од имотот на ТВ НОВА. Во периодот од првостепена одлука на кривичниот суд до одлуката на Апелација мерката за замрзннување не важи.Таа важи до донесување на првостепена одлука. Во тој период „Пуцко Петрол“  ја склучува спогодбата со хипотека на недвижниот имот на Сеат Кочан. Значи тој момент е искористен.Мислам дека требало малку да бидат со повеќе отворени очи сите учесници во оваа постапка. Можело да се дојде до замрзнување на имотот. Симптоматичен е моментот како Кривичниот суд за еден ист имот донесува различни одлуки. Еднаш вели дека е стекнат како кривично дело а вторпат го прифаќа како залог за да може обвинетиот да се брани од слобода. Имаше многу нелогичности и пикантерии кои кај нас внесоа сомнеж-објаснува Ивановска за „Република“.

Првиот антикорупцинер одговара на тоа дали односот кој го имаат државните институции кон Комисијата наликува на односот кој го имаа кон некогашното СЈО.

Станува збор за целосно различни институции. Држаната комисија е основана 2002 година согласно конвенцијата на Обединетите нации која вели дека мора да има такво тело кое ќе служи за превенција. Главната работа на ова тело е да превенира а не да гони.Ние никого не гониме. Јавноста од нас очекува да имаме завршница. Тоа беа и зборовите на вицепремиерот Груби беа дека ниту еден предмет не дошол до крај. И не може да дојде до крај затоа што нашата улога е до тука.

Ивановска не знае што има Артан Груби толку против неа и Комисијата.

Неговите зборови беа дека не нѐ бивало, дека не сме изнеле ниту еден случај до крај иако редовно доставуваме годишни извештаји  за обработени предмети. Нашата работа е целосно транспарентна. Силите на институциите и на државата се толку, го извлековме максимумот што може од интитуцијата.

Проговори и случајот со запаленото возило на Груби и зошто не можат да отворат постапка.

За возилото не можеме да отвориме постапка бидејќи е регистрирано на друго лице и не е во сопственост на избрано и именувано лице Артан Груби. Зошто го користел, како го користел, зошто возилото користело флешери, тоа се прашања на кои треба да даде одговор некој друг односно вицепремиерката за добро владеење. Владата усвои етички кодекс за однесување на министрите, се пофали со тоа, но тој кодекс треба и да се применува. Вицепремиерката издаде опомена и не се реагираше и се поставува прашањето дали се доволни тие опомени. Сега истото тоа лице управува нешто што не е негово. Од друга страна можеби тој вложил сопствени средства за купување на возилото, и тоа не е чудно. Такви ризици имаме утврдено одамна и укажуваме на потребата на донесување на закон за потекло на имот кој што ќе им наметне обврска на граѓаните не само да ги пријават имотите туку да кажат како ги стекнале, односно со кои средства. Тоа е клучната контрола која може многу да помогне во борбата против корупцијата.

Ивановска има и коментар на изјавата на Груби дека сопственикот на возилото 30 години е бизнисмен а лицето има 35 години.

Потценување на сопстениот народ е нешто најниско што може да биде-кратко коментира антикорупционерката.

Ивановска ги објаснува и последиците од друг голем скандал а тоа е со личните податоци на граѓаните во Управата за водење матични книги.

Имајќи го фактот дека воопшто не се водело сметка за контролата на прибирањето на личните податоци за што постои посебна законска регулатива во текот на обработката на предметот ние побаравме Агенцијата за заштита на личните податоци да направи вонредна супервизија во Управата за матични книги и таа дојде до сериозни наоди дека не се водело таква сметка,дека нема логови , дека податоците се чувале на сервери, не се знае кој имал пристап,  просторијата каде што се вршело скенирање не била обезбедена ниту пак лицата што вршеле скенирање немале придружба од овластено лице од Управата за матични книги. Тоа создава сомнеж дека се работело незаконски, што е факт, не се почитувале законите за заштита на лични податоци ниту пак совесно од страна на раководството и службите во Управата за матични книги за што ние покренавме иницијатива за кривично гонење.

Ивановска вели дека станува збор за неколку милиони документи.

Па да, тие што биле предмет на обработка.Точната бројка не можам да ја кажам, но се работи за милиони затоа што предмет на набавката било обработка на личните податоци, скенирање за да може тие да се дигитализираат.За оваа операција направени се две јавни набавки. Првата набавка била оспорена од финансиската полиција дека има некакви фаворизирачки елементи во тендерот и дала кривична пријава во јавното обвинителство кое неодамна ја отфрли.

Ивановска ги коментира зборовите на министерот Спасовски дека немало масовна злоупотреба.

Злоупотреба е злоупотреба.Никој не може да докаже во какви размери е злоупотребата поради тоа што нема заштита. Ако немало заштита можело да отиде и едно и стоиедно. Никој не може да каже за колкав број на податоци станува збор ниту каде завршиле, освен кои лица работеле.Фирмата што била избрана во првиот тендер се тргнала и втора фирмата фирма ги користела истите експерит и стручни лица од првата фирма да работат кај неа. Фирмата е домашна но има некое здружение и сопственикот се јавува како основач, како управувач, соптвеник на повеќе трговски друштва низ регионот-отркива Ивановска за „Република“.

Ивановска посочува дека голем проблем е назначувањето на в.д директори што се виде со примерот на градоначалничката на Скопје Арсовска со директорите на Зоолошка и  МКЦ.

Овој проблем сме го истакнале многу пати. Не се почитуваат материјалните закони за избор на директори и се кочи донесувањето на законот за високо раководна структура. Во конкретните два случаи не е испочитуван материјалниот закон и дека лицето што е назначено за в.д директор не било претходно во работен однос во МКЦ, како и со директорот на Зоолошка.За оние што прифатиле да бидат директори иако знаат дека тоа не е во согласност со закон покренавме иницијатива за несовесно работење-објаснува Ивановска.

Целиот разговор слушнете го во видеоинтервјуто кое го водеше Игор Чавески