Инспекторите излегле на терен во периодот кога беа активни мерките против загадувањето, но не констатирале дека некој ги прекршува и покрај тоа што на социјалните мрежи се објавуваа видеа од градежни активности во деновите кога скопјани се гушеа. Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов најави ригорозни казни, но нема казни.
Инспекторите на општина Карпош за време на итните мерки против загудавањето, во периодот од 21 до 23 јануари, не констатирале никакви прокопи или пак дотур на градежни материјали.
Во изјава за Пресинг Тв од општината уверуваат дека мерките биле почитувани во целост, потсетувајќи дека итните мерки за стопирањето на градежните активности се однесуваaт на активностите на општините онаму каде што Општината е инвеститор.
„Препорака беше испратена и до приватните инвеститори да престанат со градежни активности. Во тој период постојано под мониторинг беше и индустриската зона во Момин поток“, изјави Виолета Цветковска портпаролот на општината.
Роконструкциите на улиците запреа, но не и градежните работи надвор од нив. Во тие денови, јавноста беше сведок на непочитуваање на мерките кои Владата и Град Скопје ги воведоа против загадувањето на воздухот.
Актерот Роберт Вељановски на својот твитер профил објави видео на кое јасно се гледа како без никаква забрана се извршуваат градежните работи токму во општината Карпош.
Како мерките за справување со загаденоста и забраната за градежни работи во #ГрадСкопје и во #Карпош?!#sbogoev #Шилегофф pic.twitter.com/Zf2ZZHREWr
— Robert Veljanovski (@r_veljanovski) January 21, 2019
Единствен инцидент во периодот кој го регистрирале инспекторите бил обид за палење на различен отпад на јавни површини од несовесни граѓани, наспроти МИДА, кои навреме биле спречени и санкцинирани велат од општината, без да наведат дали казните биле парични или мандатни.
„Што се однесува до споменатиот објект кај Веро 2, нашиот инспекторат, во споменатите денови, направи дополнителни три контроли и констатираше дека нема никакви градежни дејности и единствено на што се работело беше поставувањето на електрика, дејности кои не предизвикуваат загадување, вели Цветковска.
Градоначалникот на Град Скопје, на прес конференција, во екот на мерките порача дека во иднина на координативните состаноци со општините ќе побара да биде засилен инспекцискиот надзор од страна на општинските инспекции, но и ригорозни казни за непочитувачите на времената мерка.
Comments are closed for this post.