Сопругата на пратеникот Зекир Рамчиловиќ  веќе еден месец работи во Министерството за внатрешни работи , т.е во Секторот за внатрешни работи како самостоен советник во писарница, пишува а1 он. Ова работно место на сопругата Мерсида Рамчиловиќ е  релативно висока позиција во МВР.

Инаку пратеникот Зекир Рамчиловиќ е дел од независната пратеничка група на ВМРО ДПМНЕ во Собранието.