На седница на 25 декември оставка ќе понуди лидерот на партијата Алијанса за Албанците, Зијадин Села, но не се знае дали ќе биде прифатена од партиските структури, пишува.„Слободен печат“.

-Господин Села е принципиелен. И во 2020 година, по парламентарните избори, на партиските структури им понуди оставка, но не беше прифатена. И овој пат мислам дека ќе го направи истото, но не се знае дали ќе биде прифатена, вели партискиот извор за „Слободен печат“.

И Таравари смета дека Села треба да продолжи како лидер на АА, но додава дека Конгресот е отворен и секој може да се кандидира за претседател.

-Кој и да победи, ќе му честитаме и ќе го поддржиме, а ние ќе продолжиме со работа, рече Таравари.