Иако ја најави, по сè изгледа Зоран Заев оставката нема да ја поднесе уште некое време. Албанските медиуми денеска најавуваат дека македонскиот премиер во оставка в понеделник ќе дојде во Тирана на нов состанок на регионалната инцијатива Отворен Балкан. Најавени се средби со премиерот на Албанија Еди Рама и со претседателот на Србија Александар Вучиќ.

Тројцата ќе потпишат договор за заеднички работни дозволи односно еднаш добиена дозвола ќе важи во сите три земји.

Инаку албанските власти не се изненадени што ЕУ повторно не одобри преговори за нивната земји и мали се очекувањата дека дека ќе дојде до одвојување на Албанија и Македонија. Тоа значи дека Албанија ќе мора да ја чека Македонија да го реши спорот со Бугарија и дури тогаш двете земји да ги отворат преговорите. Како позотивен пример се наведува Србија која има отворено повеќе од една третина од поглавјата.