За оставката на директорот на истражниот затвор „Скопје“, Ѓоко Котевски ќе се дебатира по претседателските избори.

Оставката на директорот на истражниот затвор „Скопје“, Ѓоко Котевски е нотирата до Владата, но според сите законски прописи, истата ќе биде разгледувана по претседателските избори. Управата за санкции го процесира тој извештај. Оставката е чин на морална одговорност и не гледам проблем дека е сега поднесена“, вели портпаролот на Владата, Миле Бошњаковски.

Котевски поднесе оставка поради инцидентите во затворот од 21-ви февруари, кога беа нападнати притворениците и поранешни министри Миле Јанакиески и Спиро Ристовски.