И четвртиот осомничен во случајот со набавка на софтверот за сообраќајни прекршоци бил хонорарно ангажиран од Генералниот секретаријат на Владата, открива БИРН.

Претходно, „360 степени“ објави дека џипот што го вози eксгенсекот Драги Рашковски е на име на еден од „тајните хонорарци“ во Владата, кој е осомничен во аферата.

Со тоа се исцртува кругот на засега четворица што ги осомничи обвинителството – Рашковски, сопственикот на „Инвока груп“, Даниел Станчев и две лица кои истовремено биле хонорарно ангажирани од Генералниот секретаријат додека на негово чело бил Рашковски, посочува БИРН.

На двајцата хонорарци ангажманот им почнал во време додека на чело на Секретаријатот бил Драги Рашковски.

Повеќе на БИРН