Сè освен оставка од премиерот Заев е неприфатливо по дипломатскиот скандал со двајцата руски комичари, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, при денешната посета на Петровец.

Тој додаде дека во оваа држава конечно некој мора да сноси одговорност и повика на одржување на предвремени парламентарни избори

Според него, премиерот Заев треба да се повлече и да се формира техничка влада.