Високата претставничка на Европската Унија за надворешна и безбедносна политика Федерика Могерини и еврокомесарот за проширување го честитаа изгласувањето на уставните амандамани во Собранието. Тие сметаат дека македонските политички лидери и граѓани покажале одлучност да ја искористат единствената и историска можност за решавање еден од најстарите проблеми во регионот и одлучно да тргнат на патот кон ЕУ.

Му честитаме на парламентот на изгласувањето на уставните измени. Тоа е важен чекор во имплементацијата на историскиот преспански договор.  ЕУ силно го поддржува овој договор, кој е пример за помирувањето во регионот и цела Европа, се наведува во реакцијата на Могерини и Хан.