Поранешниот премиер на Македонија, кој доби политички азил во Унгарија, Никола Груевски, на својот фејсбук профил се осврна за сведочењето на Зоран Верушевски и коментарите на премиерот Зоран Заев за тоа сведочење.

Во својот статус, Груевски иронизира за тоа како „портпаролот“ на сведокот кажал што неговиот советник ќе каже следниот пат и што сакал да каже претходниот пат.

Всушност, ,,махеров” веќе на јавноста и прераскажа што сакал да каже сведокот откако нели веќе со него разговарал, а сведокот сега само треба да го изрецитира тоа или слично на тоа во судот за 15-20 дена.
Првото објаснување односно информирање од ,,портпаролот на сведокот” е дека сведокот кажал така бидејќи бил разочаран од случајот “Рекет”.
Значи, бидејќи ,,портпаролот на сведокот” и Катица решиле да рекетираат, па со други снимки направени оваа 2019 година ги фатиле и пријавиле, сведокот толку се разочарал што во таа агонија на разочараноста ,,му светнало” да каже дека снимките предадени во СЈО пред 4 години, се страотно модифицирани и компромитирани откако тој бил лишен од слобода во 2014 година и дека тој не им ги дал на другите двајца сведоци истите.
Муртински приказни…нели? – пишува Груевски во својот статус.

Муртински приказни: “портпаролот” на сведокот кажа што неговиот советник ќе каже следниот пат и што сакал да каже…

Posted by Nikola Gruevski on Monday, September 30, 2019