Поранешниот премиер, Никола Груевски, кој доби политички азил во Унгарија, на фејсбук објави дека се повлекува од пратеничката функција. Во своето обраќање, Груевски наведува дека обидите на владејачкото мнозинство да му го одземат мандатот се нелегални, но тој, сепак, ќе се повлече со цел да спречи поради него да се врши притисок врз партијата ВМРО-ДПМНЕ и нејзините пратеници.

Целта легално да ми го одземат мандатот е јасно дека е неостварлива. И според уставот на Македонија и според меѓународните прописи, но и според неподлегнувањето на притисокот на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ кои на комисијата за мандатно имунитетни прашања не подлегнаа на притисоците и пропагандата и им одржаа лекција по меѓународно право и уставно право на нивните колеги од власта кои во отсуство на аргументи расправата ја сведоа на ,,маалска дискусија за политика на клупа пред зграда,, во текот на расправата на комисијата.
Сепак, иако правото, уставот и меѓународните документи се на моја страна, јас нема да дозволам нашата партија и пратеници заради мене и мојот мандат да бидат изложени на било какви притисоци, на лажна пропаганда, на непријатности и на медиумски линч од страна на власта и нејзините апологети. Несакам понатаму ниту да дадам можност на СДСМ користејќи ја оваа тема да ги избегнува дебатите за суштинските теми и проблеми кои го засегаат народот и да ги задскрива своите криминални политики. Оттука, одлучив да се повлечам од пратеничката функција а за истото формално правно парламентот ќе го известам во наредните денови. – вели Груевски.

Во обраќањето, Груевски им се заблагодарува на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ за тоа, како што напиша, што издржаа на принципиелните позиции кои се во склад со уставот и меѓународното право и не потклекнаа на притисоците, а пофални зборови имаше ио за граѓаните што му искажале поддршка.

Посебно благодарност до илјадниците граѓани кои на различни начини, преку лични контакти или преку социјалните мрежи во изминатите денови ми даваа огромна подршка и покрај сиот притисок и неправди, покрај сите лажни пропаганди и лични ризици, покажаа дека чувството за правда и правичност, отпор, неприфаќање и бунтовност пред неправдата, останува водилка на македонскиот народ и граѓани, колку и инсталиранста власт да промовира поинакви и спротивни на овие вредности – напиша Груевски.

Видлива е стратегијата на СДСМ своите секојдневни неуспеси, криминал, масовна корупција, бројни неостварени ветувања,…

Posted by Nikola Gruevski on Saturday, June 1, 2019