Трагична сообраќајна несреќа се случила утринава на стариот пат од село Стајковци кон Смилковци. Во сообраќајката загинало едно 20-годишно момче, а биле повредени две други момчиња на 17 и 16-годишна возраст.

До несреќата дошло кога загинатиот А.Ј., кој бил возач на автомобил „Опел Зафира“ со скопски регистерски таблички, загубил контрола над возилото по што удрил во бетонски столб. Поради сериозноста на ударот, возачот го загубил животот на лице место, додека двете момчиња, коишто биле патници, се здобиле со тешки телесни повреди.

Како што соопштија од МВР, увид извршила екипа од СВР-Скопје.