Поранешниот премиер, Никола Груевски, го добил упатниот акт, според кој, најдоцна до 8 ноември треба да се јави во затворот во Шутка.

Груевски го добил упатниот акт во судот пред судењето за случајот на СЈО „Траекторија“.

Поранешниот премиер е осуден во случајот „Тенк“ на СЈО, за незаконско влијание при набавката на луксузниот „мерцедес С-600 гард“ од безмалку 600.000 евра, пари на МВР.

Груевски беше осуден на затворска казна во „Тенк“ од Основниот суд Скопје 1 на 23 мај, а првостепената пресуда ја потврди Апелациониот суд на 5 октомври.