Управата за јавни приходи (УЈП) соопшти дека поради отежнато поднесување даночни пријави преку системот е-Даноци, рокот за поднесување ДДВ-04 пријавата се продолжува.

Според УЈП, поднесувањето на ДДВ-пријавата се продолжува за два работни дена поради што за краен рок ќе се смета 29 октомври 2018 година.