Поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, излезе со реакција за најновата истрага на СЈО „Поштенска банка“, за која како што вели не бил информиран дека се води предистрага, ниту, пак, бил прашан за нешто. Тој таму се споменува во својство на министер за финансии во владата на Љубчо Георгиевски.

„ Денес повторно, иако не ме внесуваат во истрагата, СЈО ме спомнуваат дека пред 17 години сум учествувал во нешто за што во тоа време, ниту како министер сум имал ингеренции да учествувам, ниту најголем дел од луѓето во тоа време лично сум ги познавал, ниту знам што и дали воопшто имало нешто противзаконско, ниту пак на било кој начин сум учествувал. СЈО или било кој друг досега не ме информирал дека се води предистражна постапка за ова, ниту ме прашал нешто за тој предмет. Очигледно, ако во ова време на политички прогони и хајки, не се спомне моето име, СЈО не го чуствуваат доволно атрактивен предметот кој го работат“, пишува Груевски во неговата реакцијата.

Пред Никола Груевски реагираше и Љубчо Георгиевски