Денеска заедно со сите министри ги доставивме нашите оставки до Премиерот, информира вицепремиер Артан Груби.

-Почитуван претседател на Владата на Република Македонија како носител на важна јавна функција, свесен дека благосостојбата на нашите граѓани и нивната иднина несомнено припаѓа на големото европско семејство, имајќи го предвид именувањето на политичкиот субјект на кој му припаѓам и кој начелно се залага за интеграцијата на земјата како во НАТО така и во ЕУ, така и за блиски и за продлабочени односи со САД, имајќи го во предвид непристојниот услов на опозицијата за да ги изгласа уставните измени во Собранието, свесен за важноста на интеграцијата и достоинствената иднина на Република Македонија, почитуван претседател на Владата ви ја поднесувам мојата оставка од функцијата прв заменик претседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, која ве молам да ја активирате во моментот кога опозицијата ќе гласа за предложените измени во Собранието и истите ќе стапат во сила.

Се чувствувам горд и почестен од дадената доверба од страна на лидерот Али Ахмети, ДУИ и граѓаните како и вашата доверба за да бидам дел од реформскиот и интегриран владин кабинет и да им служам на нашите граѓани. Со почит Артан Груби- стои во оставката.