Законитоста на една одлука донесена во услови кога подносителот е во притвор, со однапред поднесена оставка и веќе започната постапка за разрешување во Собранието е под голем знак прашалник, вели пратеникот Артан Груби од ДУИ.

Во изјава за МКД.мк тој, како што вели, ги споделува резервите на дел од политичките партии кои што не се дел од преговорите, но и на фелата и на јавноста.

„Но, секој си сноси одговорност за своите постапки, било да се тоа политичари, обвинители или судии”, вели Груби во изјавата за МКД.мк.

Со предавањето на предметите во Јавното обвинителство, СЈО е беспредметно, вели Груби. Тој потенцира дека за ваков тек на настаните не слушнал сличен пример.