Артан Груби, организацискиот секретар на ДУИ, по завршувањето на гласањето во вториот круг од претседателските избори објави статус на Фејсбук и во истиот напиша дека владиниот коалиционен секретар одлучил кој ќе биде спикер на Собранието, премиер на Владата и претседател на државата.

Али Ахмети и ДУИ избраа претседател на Парламентот. Али Ахмети и ДУИ избраа премиер. Али Ахмети и ДУИ избраа претседател. Без Али Ахмети и без ДУИ … тоа не функционира!, напиша Груби.

Пратеникот овој статус го објави кога беше јасно дека Стево Пендаровски, кандидатот поддржан од владината коалциија, по 70 отсто од пребројаните гласови водеше со повеќе од 30.000 гласови разлика пред Гордана Силјановска Давкова.