Вчера во 16.15 часот на улица „Гоце Делчев“ во битолското село Кравари, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „хјундаи гец“ со грчки национални ознаки, управувано од T.E.(59) од Република Грција и мопед „јујунг“ со битолски регистарски ознаки, управуван од малолетник од с.Кравари.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот и бил пренесен во Клиничката болница во Битола.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Битола.