Граѓаните масовно излегоа вечерва да им дадат поддршка на осудените за настаните од „27 април“.Присутните порачаа дека уставобранителите не се терористи и дека е потребно судењето да се повтори.

Tие напоменаа дека уставобранителите се осудени на вкупно 288 години затвор.

Според организаторите на протестот, обвиненијата за тероризам на затворените за 27 април се политички монтирани. Тие бараат Врховен суд да го поништи судењето и да има ново, оти имало лажни сведоци.

На протестот поддршка даде и ВМРО-ДПМНЕ. Лидерот Мицкоски истакна дека народот е револтиран и му е преку глава. Чашата ја прели именувањето на Кацарска за претседател на Уставниот суд.

Ако продолжи вака отустно да се однесува Зоран Заев и Владата на СДСМ, се плашам дека работата ќе се радикализира уште повеќе.

Погледнете каква беше атмосферата на вечерашниот протест.