На социјалните медиуми повеќе лекари деновиве испратија алармантно предупредување дека во ГОБ 8 Септември во Скопје има недостиг од лекарски персонал. Поточно ова се однесува за Инфективниот оддел.

„Во ГОБ 8 Септември нема лекари на инфективно, сите се болни!!
Алармантна е ситуација со грипот, со морбили…..
Прогласете епидемија,превземете нешто, што чекате, секојдневно умираат луге!“, е еден од постовите на Фејсбук.

Пресинг се обрати до кабинетот на министерот за здравство Венко Филипче, од каде ни одговорија дека состојбата не токму таква.

На Инфективното одделение во „8 Септември“ во моментов се хоспитализирани 22 пациенти, а за пациентите се грижат 4 лекари специјалисти по инфективни болести и друг медицински кадар“, одговорија од Кабинетот на Филипче.

Во врска со прашањето дали се размислува да се прогласи епидемија на грип, одговорот е дека „ епидемија за грипот не е прогласена затоа што бројот на заболени е помал од очекуваниот, и од бројот на заболени од лани“.

Осум лица починале минатата недела како последица од сезонскиот грип, информираше вчера

Eпидемиологот Гордана Кузмановска од Институтот за јавно здравје. Шест од починатите се на возраст над 60 години, едно е девојче на 12 години и жена на 26 години.