Според мене, денот што двете држави треба да го чествуваме е 5 мај-погинувањето на Гоце Делчев. А, на 7 октомври Софија му ги предава моштите на Гоце Делчев на Скопје. Денес тие се положени во огромен камен саркофаг во Стариот град и таму се положуваат цвеќиња. Но, дури и во Народна Република Македонија, што се наоѓаше во рамки на Југославија, никој не го одбележуваше 7 октомври, туку денот на неговото загинување. И, впрочем, не е лошо да се раскаже кој и како ги спасил тие мошти и ги донел во Бугарија, пред комунистите со лесна рака да им ги предадат на Македонците.

Ова во интервју за софиски „24 часа“ го изјави Георги Николов, заменик декан на Историскиот факултет при Софискиот универзитет.

Николов оценува дека двете страни во „бугарско-северномакедонската“ комисија поаѓаат од две различни гледни точки. Бугарската од историска, а македонската од идеолошки размислувања и тоа од современа гледна точка.

Македонците размислуваат како денес во Македонија се прифаќа Гоце Делчев, но тоа „како се прифаќа“ е производ на едно речиси стогодишно перење мозоци. Затоа македонските историчари нека бидат така добри да се вратат кон изворите на историјата-тие се нејзина основа. Тоа го прават нашите експерти и така треба да биде, вели Николов.