Претседателот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ во рамки на посетата на Македонија денеска го посети гробот на македонскиот револуционер Гоце Делчев.

На положувањето на цвеќе Ѓукановиќ не беше придружуван од неговиот домаќин, претседателот на Македонија, Стево Пендаровски.

Црногорската делегација од Водно на Кале замина во придружба на претставник на Кабинетот на Пендаровски, Гоце Карајанов, и министерката за странски инвестиции Зорица Апостолска, но не и на претседателот Пендаровски.