Претседателот Стево Пендаровски е убеден дека во овој момент Бугарија нема да ја блокира Македонија за почеток на преговорите со ЕУ но оти не може да предвиди што во иднината ќе биде побарано од нас.

„Нема најава од ниту еден релевантен фактор во Бугарија дека сега ќе нѐ блокира“, вели Пендаровски и додава дека „останува да се види како понатаму ќе се однесуваат и Бугарија и Грција, од аспект на Преспанскиот договор, во тој многу долго процес“.