Протоколите го гарантираат националниот интерес на Бугарија и се држат до одлуките на бугарското собрание, тврди бугарската министерка за надворешни работи Теодора Генчовска.

На прашањето на БГНЕС дали се прецизирани протоколите и кога бугарското општество може да се запознае со нив, министерката Генчовска одговори:

-Имаме џентлменски договор со министерот за надворешни работи на РСМ, Бујар Османи, дека тие се склучени тој ден. Се надевам дека ќе се придржува до тоа, јас се придржувам до тоа. Нема да ги отвораме текстовите. Бидете сигурни дека тие целосно го гарантираат националниот интерес и целосно ги почитуваат одлуките на Народното собрание, нагласи таа.

Генчовска изјави дека Скопје е заинтересирано работите да се случуваат многу брзо, бидејќи многу земји членки на ЕУ веќе зборуваат за одвојување на Македонија од Албанија.

-Топката е директно во теренот на PCM, рече таа.

На прашањето дали Бугарија е заинтересирана за одвојување на двете земји на нивниот пат кон ЕУ, рече дека процесот се базира на конкретни резултати.

-Ја поддржуваме Албанија, и покрај разговорите што ги гледаме од албанските власти во последно време. На крајот ќе одлучат земјите-членки, рече Генчовска.