Можноста за приклучување на пратениците на Алтернатива во парламентарното мнозинство и за влез во Владата, ќе биде тема на најавената за денеска средба на премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев со претседателот на Алтернатива, Африм Гаши.

Средбата треба да се одржи во Клубот на пратениците во 15:30 часот.

Координаторот на пратеничката група на СДСМ во Собранието, Јован Митрески синоќа на ТВ 24 кажа дека имаат мнозинство во овој момент од 61 пратеник, како и дека Заев ќе има средба со лидерот на Алтернатива и други претставници на опозицијата на која ќе се разговара со зголемување на новото парламентарно мнозинство.

– Тие реговори ќе продолжат и какви места ќе се понудат за тоа е дадено овластување на Заев од ЦО на партијата и понатаму ќе носиме одлуки низ партиските телата, изјави Митрески, нагласувајќи дека има и други пратеници со кои се разговара и кои во минатиот период давале поддршка.

Пратеникот и член на претседателството на Алтернатива Скендер Реџепи, вчера изрази верување дека партијата ќе донесе одлука да биде дел од Владата затоа што, како што кажа, интеграцијата на земјата во ЕУ е приоритет пред уривањето на власта.

Пораки за заедничката заложба за одржување и зајакнување на реформскиот и европскиот курс на земјата, беа упатени и по вчерашната средба на Заев со пратеникот Кастриот Реџепи во просториите на Владата.

Како што соопшти владината прес-служба, Заев и Реџепи изразиле уверување дека народната волја за мирно и заедничко живеење во Северна Македонија и натаму ќе биде изразена преку стабилно демократско мнозинство во Парламентот, како и дека биле изнесени очекувања за конечно исполнување на ветувањата од страна на Европската Унија и одржување на првата меѓувладина конференција