Новиот претседател на Европската комисија (ЕК), Урсула фон дер Лајен, во петокот објави дека е во корист на отворањето преговори за членство на ЕУ со Албанија и со Северна Македонија, штом ќе бидат исполнети поставените критериуми, поренесе Албаниан њуз.
Претседателот на ЕК изјави дека треба да се ракуваме со тие држави, бидејќи го делиме истиот континент, истата приказна, ние сме соседи, и ако ја затворите вратата на тој регион, тие се повредуваат меѓу себе.
“Јас се залагам за отворање преговори. Треба да ги отпочнеме преговорите за пристапување со земјите откако Европскиот совет ќе заклучи дека критериумите се исполнети. Ние треба да се ракуваме со овие држави, го делиме истиот континент, исто приказната, ние сме соседи, и ако ја затвораме вратата за овој регион, тие се повредуваат меѓу себе “, истакна претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен.
Comments are closed for this post.