Огромен број граѓани излегоа на протест против новите ковид мерки на Владата со кои на дел од граѓаните им се ограничува слободата на движење.

Почнувајќи од пред Собранието на Република Македонија, па низ скопските улици кон Владата, граѓаните го искажуваат својот револт за тоа што на лицата кои не се вакцинирани не им се дозволува влез и присуство дури и во одредени објекти на отворено.

За време на протестот собраниот народ истакна голем број пароли и скандираше пораки со барње слобода, но и пароли против власта и министерот за здравство, Венко Филипче.