Министерот Венко Филипче, на денешната прес-конференција најави дека ќе биде зголемен капацитетот на тестирање од идната недела за плус 500 на територијата на Скопје.

Есенскиот бран освен во болниците, го зголеми притисокот кон пунктовите на тестирање. Ние веќе го зголемивме капацитетот, во моментов на располагање има три илјади тестови дневно, и сега ги вклучивме брзите тестови. Отвораме дополнителни шест пункта од понеделник, што ќе значи дополнителни 500 термини почнувајќи од понеделник. Станува збор за тестови само за градот Скопје, рече Филипче.