Министерот за здравство Венко Филипче на својот Фејсбук профил посочи дека денеска остварил средба со поглаварот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, Архиепископот Охридски и Македонски, г.г. Стефан, и поглаварот на Исламската верска заедница, Реисул Улема хаџи Шаќир ефенди Фетаи.

На средбата се разговарало за актуелната состојба со коронавирусот при што им укажал на ризиците кои ги носи групирањето на верниците во затворени простории за време на претстојните верски празници.

„Се согласивме дека сите чинители треба активно да придонесат во битката со пандемијата и договоривме интензивна комуникација во следниот период“, додава Филипче.