Десетти месец од корона во Македонија и ниту една соодветна мерка, ниту протоколи, ниту соодветни лекови, ниту просторни услови, уште помалку доволно медицински лица за лекување на граѓаните, ова денеска преку соопштение до јавноста го истакнаа од ВМРО-ДПМНЕ.

Само ова е (не)направено од Филипче и Заев. Македонија ја ставија на високо петто место во Европа по број на починати или 1.100 починати на милион, затоа по број на тестови Македонија пак е на дното по направени тестови. Македонија и граѓаните како тргнале ќе ги остават и без вакцини. Најавено дека на 26 декември ќе ги има во Хрватска, најавени и во Србија, во Македонија или Филипче се уште преговара за да стигнеле. А кога ќе стигнат очигледно ни самиот не знае. Математиката не му се погодува, а тоа му е најважно на Филипче , а не здравјето на граѓаните. Освен грижата за сопствената слика, освен пиар граѓаните не видоа ништо. Сега и медицинските лица ги користат за сопствен пиар, велат ќе има давале еднократна награда. Зарем оние кои се клучни за здравјето на граѓаните, а кои се покажа и колку се неопходни во време на епидемија толку ги ценат за да им дадат само еднократна награда. Да се грижеа немаше да има скоро три илјади заразени медицински лица, и дваесеттина починати, велат од партијата.

Во партиското соопштение стои дека одговорност мора да има! Граѓаните платија висока цена, Заев и Филипче мора да одговараат!