Вицепремиерката и министерка за надворешни работи на Бугарија, Екатерина Захариева, по вчерашната петчасовна средба со македонските министри за евроинтеграции и за надворешни работи, Никола Димитров и Бујар Османи, на брифинг со новинарфите ги обелодени забелешките, што ги има бугарската страна за визирање на преговарачката рампа на Македонија со Европската Унија.

-За Бугарија е важно С.Македонија да декларира дека новото име не е поврзано со никакви малцински претензии и дека државни институции нема да ги поттикнуваат.

-Во однос на јазикот има две варијанти-или користење на формулата од 2017 година или признавање на еволуцијата на македонскиот од бугарскиот јазик.

-Почитување на Договорот за добрососедство, поефикасна работа на заедничката мешовита комисија за прашања од историјата и образованието и јавно објавување на протоколите со кои е постигнат компромис со С.Македонија, што досега не е сторено. За петте личности за кои има согласност во заедничката историја „на Бугарија и се чини дека не е задоволително темпо, иако за Македонија тоа е голем чекор. Притоа, личностите не се јавно објавени иако, всушност, целта на работата на комисијата е да се надмине говорот на омраза и да се сменат учебниците, натписите во музеите и др.

-Бугарија има забелешки и за важни стратешки проекти, како што е Коридорот 8, чија изградба се забавува со години, потоа на административни пречки, што се поставуваат пред бугарските инвеститори, како и не сакањето на С.Македонија да се придржува на формулата за јазикот во Договорот, што доведе до не потпишување на спогодбата со Фронтекс.