Австрискиот министер за внатрешни работи Карл Нехамер изјави дека убиениот терорист е државјанин на Австрија и Северна Македонија.

Фејулаи бил ослободен од затвор, условно на 5 декември минатата година, бидејќи, врз основа на неговата возраст, бил опфатен со поблаго законодавство предвидено за помлади престапници.

Тој има 20 години и претходно бил осудуван за тероризам.

Станува збор за радикализирана личност која се чуствувала блиска со „Исламска држава“- изјави министерот за агенцијата „АПА“.